ИнтернационалциФудбал

Македонска УЕФА делегатка на мечот ПСЖ – Њукасл во Лигата на шампионите

Сподели
Сподели

Утре на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Њукасл Јунајтед, кој ќе се одигра со почеток од 21:00 часот, македонскиот фудбал повторно ќе има свој претставник на големата европска сцена. Нашата  Александра Пејковска е назначена за УЕФА делегатка на овој значаен европски дуел.

Пејковска, која веќе подолго време успешно ја претставува Македонија на меѓународните натпреварувања под капата на УЕФА, уште еднаш ја добива довербата за организација и надзор на натпревар од највисок ранг, што претставува признание за нејзината професионалност и квалитено работење.

На овој меч од елитното европско натпреварување главен судија ќе биде искусниот словенечки арбитар Славко Винчиќ. Негови асистенти ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја има Давид Шмајц, сите од Словенија. За ВАР системот ќе биде задолжен Германецот Кристијан Дингерт, а негов асистент ќе биде Саша Штегеман, исто така од Германија. Контролор за судењето ќе биде Давид Фернандез Борбалан од Шпанија.

Ангажманот на Александра Пејковска на ваков натпревар е уште една потврда за високата репутација што ја ужива меѓу европските фудбалски институции. Нејзиното присуство на меч од Лигата на шампионите претставува голема чест, но и силна афирмација за македонскиот фудбал на меѓународната сцена, покажувајќи дека македонските фудбалски работници се дел од самиот врв на европскиот фудбал.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!