Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Историски успех за македонското алпско скијање: Јана Атанасовска постави нови стандарди

Сподели
ФОТО: Скијачка федерација на Македонија
Сподели

Македонската алпска скијачка Јана Атанасовска имаше блескав настап на ФИС слалом трките што се одржаа во Телфс, Австрија, со што испиша нова страница во историјата на женското алпско скијање во нашата земја.

Во првата трка, Атанасовска го освои четвртото место и ги подобри своите ФИС поени на 26.41 – резултат кој претставува нејзин најдобар личен учинок во кариерата, но и највреден македонски женски резултат во слалом дисциплината досега.

Одличната форма ја потврди и во втората слаломска трка истиот ден, каде што заврши на шестата позиција со 30.78 ФИС поени, демонстрирајќи стабилност, сигурност и континуиран напредок во силна меѓународна конкуренција.

Овие настапи се дел од нејзините интензивни подготовки во пресрет на новиот олимписки циклус и претстојните Зимски олимписки игри во Милано, што дополнително ја зголемува тежината и значењето на постигнатите резултати.


Од Скијачката федерација на Македонија упатија искрени честитки до Јана Атанасовска, како и до нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве, за овој голем успех кој претставува силен мотив и охрабрување за идните генерации македонски скијачи.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Вечерва четири атрактивни меча на турнирот во Конче

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се играат четири атрактивни натпревари со што публиката ќе има можност да следи добар фудбал,...

Останато

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Одбојкарската федерација на Македонија информираше дека ненадејно почина поранешниот претседател на Федерацијата, Марјан Јованов – Мане, на 58-годишна возраст. Јованов беше претседател на...

Поврзани написи
Останато

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Одбојкарската федерација на Македонија информираше дека ненадејно почина поранешниот претседател на Федерацијата,...

Останато

Ѓорческа: Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено

По трите одлични настапи и трите победи во квалификациите за Вимблдон, македонската...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!