Трета лигаФудбал

Третолигашот Вардар Брвеница ги започна подготовките, ростерот сочуван, ќе се одиграат неколку пријателски натпревари

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Вардар од Брвеница официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата лига – Запад, со јасна амбиција да се вклучи во борбата за највисок пласман на табелата и пласман во баражот за Втора лига.

По одлично одигран есенски дел, кој го завршија на третото место со освоени 21 бод, шест помалку од лидерот Камјани, во таборот на Вардар владее оптимизам и верба дека тимот има капацитет да направи исчекор во продолжението од шампионатот.

Подготовките се насочени кон темелна физичка и тактичка подготвеност, а стручниот штаб планира одигрување на три до четири пријателски натпревари со цел екипата максимално подготвена да ги дочека пролетните предизвици. Играчкиот кадар останува непроменет во однос на есента, состав кој веќе покажа стабилност и квалитет, но од клубот јасно порачуваат дека нема да се задоволат со досегашниот учинок.

Вардар Брвеница располага со балансиран тим, спој на младост и искуство, предводен од фудбалери со сериозно прволигашко искуство како Тони Брњарчевски, Игор Савески, Даниел Јандриевски, како и капитенот Даниел Радески, кој има значајна улога и на теренот и во соблекувалната.


Покрај спортските амбиции, клубот се издвојува и со својата стабилна организација и јасна визија за иднината. Раководството на Вардар Брвеница е отворено за соработка со бизнис секторот, со цел обезбедување дополнителна поддршка за понатамошен развој, унапредување на инфраструктурата и остварување на повисоките цели кои клубот ги поставува пред себе.

Секоја форма на финансиска поддршка, потенцираат од клубот, би имала значајно влијание во реализацијата на амбициите и во градењето стабилен фудбалски колектив со перспектива за идни успеси.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!