Кратовскиот прволигаш Силекс одигра нов пријателски натпревар во Анталија, Турција, кој беше четврти, а истиот заврши без победник, но и без погодоци.
Силекс одигра 0:0 со украинскиот тим Кудривка, што беше уште една можност за стратегот Александар Васоски да добија слика за тоа како оди подигањето на формата и што може да очекува од неговиот тим во пролетниот дел.
Двете екипи имаат свои шанси на натпреварот за гол, но немаше реализација последниот пас фалеше и на двете страни за погодок.
Силекс презимува на четвртото место со 31 бод, а пролетниот дел го отвара на домашен терен со Башкими.