Европско првенство 2026Ракомет

Данска ја надигра Германија и обезбеди место во полуфиналето на ЕП

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска продолжи со одличните настапи на Европското првенство, откако во дербито од групата ја совлада Германија со 31:26 и практично си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири селекции на континентот.

Иако Германија подобро го отвори натпреварот и на стартот имаше водство, Данците брзо воспоставија контрола, предводени од расположениот Матијас Гидсел. Првото полувреме донесе израмнета борба и минимална предност за домаќинот (13:12).

Клучниот момент се случи во вториот дел, кога Данска одигра серија од неколку минути на исклучително високо ниво. Со цврста одбрана, брзи голови и фантастичен голман Емил Нилсен, кој запиша двоцифрен број одбрани, Данците направија серија која ги одлепи на недостижна разлика (23:16).


Гидсел и Питлик беа најефикасни кај победникот со по осум погодоци, додека кај Германија се истакна Ушчинс, но „панцирите“ не успеаја да најдат решение за данскиот ритам во вториот дел.

Со оваа победа, Данска се израмни со Германија на врвот со по шест бодови, но благодарение на подобрите меѓусебни дуели, веќе е сигурен полуфиналист. Во последното коло, Германија и Франција ќе решаваат во директен дуел кој ќе го освои второто место што води меѓу најдобрите четири на Европското првенство.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Поврзани написи
Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!