Кошарка

Финалето од женскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се игра во Македонска Каменица

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица официјално ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Раководството на актуелниот шампион пројави интерес за организација на националниот Куп, ги исполни сите услови предвидени со јавниот повик и ќе биде домаќин на завршницата од најмасовното клупско натпреварување.

Финалниот турнир ќе се одржи во Македонска Каменица на 21 и 22 февруари, а учество ќе земат четирите најдобри екипи во женска конкуренција: Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ Бела Вода и домаќинот Баскет Кам.

Натпреварите ќе се играат во салата „Кирил и Методиј“, а полуфиналните средби се закажани за 21 февруари (сабота). Во нив ќе се сретнат екипите на Баскет Кам и МЗТ Бела Вода, односно Крива Паланка и Бадел 1862.

Победниците од двете полуфинални средби ќе обезбедат пласман во големото финале, кое ќе се одигра на 22 февруари, кога ќе биде познат и новиот освојувач на Куп-пехарот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!