Европско првенство 2026Ракомет

Хаос во групата 2: Хрватска не зависи сама од себе во трката за полуфинале на ЕП 2026

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Борбата за пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во групата 2 влезе во целосен хаос по второто коло од главната фаза. По победата на Хрватска над Швајцарија и изненадувањето на Исланд против Шведска, дури четири репрезентации се израмнети на врвот со по четири бода – Исланд, Шведска, Словенија и Хрватска.

Иако хрватската селекција го направи тоа што беше во нејзина моќ против Швајцарија, ситуацијата во групата се искомплицира до тој степен што ниту две победи до крајот не гарантираат сигурен пласман во полуфиналето. Теоретски, можно е Хрватска да остане без место меѓу најдобрите четири доколку Исланд и Шведска ги добијат сите свои преостанати натпревари, што би создало затворен круг во кој хрватската репрезентација би била најслаба според гол-разликата.

Сценаријата се бројни, но едно е јасно – Хрватска мора да брка победа против Словенија, а потоа и против Унгарија, и притоа да се надева на барем еден „кикс“ на Исланд или Шведска во нивните преостанати дуели. Дополнително, постои и специфично сценарио во кое Хрватска би можела да обезбеди полуфинале и пред последното коло, доколку ги добие Словенците, а тие потоа изненадат против Исланд.

Во спротивно, доколку Исланд продолжи со победничката серија, а Шведска ги оправда очекувањата, тогаш хрватската селекција ќе мора да бара позитивен резултат и против Унгарија, со надеж дека Швајцарија ќе успее да „откине“ бодови од Швеѓаните.


Јасно е дека до самиот крај ќе се води жестока битка за првите две позиции, а секој гол и секој резултат ќе има огромно значење.

  • Комплетен распоред до крајот на групата 2:

27 јануари
Швајцарија – Исланд (15:30)
Словенија – Хрватска (18:00)
Шведска – Унгарија (20:30)

28 јануари
Словенија – Исланд (15:30)
Хрватска – Унгарија (18:00)
Швајцарија – Шведска (20:30)

Првите две селекции од групата ќе обезбедат пласман во полуфиналето, а драмата, според се, ќе трае до последниот судиски свиреж.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!