Трета лигаФудбал

Третолигашот Доброшти се засили со талентираниот Сутки Муслија

Сподели
ФОТО: ФК Доброшти
Сподели

Екипата на Доброшти за пролетниот дел од Трета фудбалска лига – Запад ќе биде посилна со талентираниот Сутки Муслија. Се работи за 20-годишен крилен фудбалер кој треба да биде вистинско освежување во редовите до Доброшти.

Муслија пристигна од редовите на Влазерими од Кичево, претходно беше дел од младинските категории на Ренова, а потекнува од тетовскиот клуб Дарданет каде ги направи првите фудбалски чекори.

Претходно, клубот се засили со Фљамур Мемиши, исто така доаѓа од редовите на Влазерими, а станува збор за 24 годишен фудбалер. Има настапувано за Ренова, младинските категории на Шкендија, како и за Теарца 97 каде и ги прави првите фудбалски чекори.

ФОТО: ФК Доброшти

Во пролетниот дел тимот на Доброшти ќе се бори за што повисок пласман на табелата во Трета лига – Запад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Овој викенд нема да се одиграат два натпревари од 2. коло во ВМФЛ

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа предвидени да се одиграат во сабота се одложени. Станува збор за...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Овој викенд нема да се одиграат два натпревари од 2. коло во ВМФЛ

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!