Останато

Сушево без сили за освојувачот на Купот, Борец го доби Работнички, две домашни победи во плеј-аутот!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Со натпреварите од првото коло на плеј-офот односно плеј-аутот започна вториот дел од шампионатот во Првата одбојкарска лига во машка конкуренција.

Екипата на Сушево немаше сили освојувачот на Купот Штип УГД кој без проблеми со 3-0 во сетови победнички ја започна 2026 година во битката за освојување на шампионската титула.

Во сите три сетови штипјани доминираа. Првиот сет момците на Кристиан Ристески го добија со убедливи 25:15, вториот со 25:14, а пак третиот со превисоки 25:13.

ГОК Борец триумфираше над Работнички на гостински терен славејќи со 1-3. Првиот сет му припадна на гостинот од Велес кој беше подобар со 16:25, а веќе во вториот сет скопскиот тим израмни на 1-1 во сетови откако истиот го доби со 25:20.

Во третиот сет велешани беа убедливи со 15:25, а пак во четвртиот беа подобри со 20:25 за конечни 1-3 во сетови.

Натпреварот меѓу шампионот Струмица и Универзитет во Тетово е одложен и ќе се одигра во нов термин.


Што се однесува пак до плеј-аутот, таму беа забележани две убедливи домашни победи. Лирија со 3-0 во сетови ја доби Јанта Волеј (25:16, 25:14 и 25:18).

Шкендија беше пресилна за Скопје славејќи, исто така со 3-0 во сетови (25:17, 25:11 и 25:21).

Натпреварот меѓу Македонија Џио и Весна Пробиштип беше одложен и истиот ќе се одигра во нов термин.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!