Кошарка

Мега Баскет убедлив над Охрид за челната позиција, убедлива победа за Струмица Ролинг – комплетирано 12. коло

Сподели
Сподели

Со одигрувањето на последните два натпревари беше комплетирано 12. коло од Првата македонска лига, во кое прилепската екипа на Мега баскет стигна до исклучително важна победа и се искачи на првото место во групата „А“.

Кошаркарите на Мега баскет одиграа зрел и сигурен натпревар на гостувањето во Охрид, каде славеа со убедливи 81:64. Прилепчани имаа целосна контрола врз играта и резултатот во текот на сите четири четвртини, а клучна улога одигра фантастичниот Враниќ, кој реализираше дури 35 поени и беше нерешлива енигма за домашната одбрана. Одлична поддршка доби од Јовановски со 14 и Димитриевски со 12 поени, што беше доволно за деветтата сезонска победа и скор од 9-2, со кој Мега баскет ја презеде лидерската позиција на табелата. Кај Охрид, Донаковски постигна 14 поени, додека Бојоски и Кузмановски додадоа по десет.

Во вториот натпревар од вечерта, екипата на Струмица Ролинг стигна до својот втор триумф сезонава, откако на домашен терен убедливо го совлада Спортисимо со 91:59. Освен во вториот период, кога играта беше најизедначена, струмичани целосно доминираа и рутински ја запишаа победата. Абрашев беше најефикасен со 20 поени, Атанасов реализираше 19, додека значаен придонес дадоа и Димовски со 16 и Мицев со 14 поени. Во редовите на Спортисимо се истакна Митрев со 15 поени, но тоа не беше доволно за избегнување на нов пораз.

По ова коло, Мега баскет е лидер во групата „А“, додека во групата „Б“ Струмица ФМП останува на врвот, а екипите на Спортисимо и Младинец и натаму се без победа во шампионатот.

Сподели
Поврзани написи
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!