Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Вардар ја темпира формата за пролетниот дел

Сподели
Сподели

ЖФК Вардар под водство на тренерот Теодора Димитровска официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига, заедно со тренерот за физичка подготвеност Дамјан Ивановски. Девојките имаа тестирање, а претходно работеа според воведна индивидуална програма.

Следниот чекор е контролен натпревар со зголемен интензитет, кој ќе им помогне на девојките да ја подигнат формата и да се подготват за полусезоната.

Тимот е полн со енергија и мотивација, под водство на тренерите, подготвен да ги прифати сите предизвици!

Вардар како дебитант во елитното фудбалско друштво одигра солидна есен и презимува на осмото место со осум бодови, а во пролетниот дел „вардарки“ засилени ќе целат кон што е можно повисок пласман. Пролетниот дел Вардар го отвара против Топ Гол на домашен терен.

Вардар досега претстави четири засилување – голманката Натали Талевска, Михаела Марковска, Ивана Милевска и последно Ива Здравеска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!