Ракомет

Пролет без зимски засилувања: Шанса за младите да блеснат на сениорската сцена

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона што ќе продолжи во текот на следниот месец.

За нов тренер беше именуван доскорешниот ракометар во тимот, Доне Мајнов, кој ќе го води тимот во наредниот период најпрвин во преостанатите рунди од Супер-лигата, а потоа и во плејаут натпреварувањето.

Во меѓувреме, во текот на паузата редовите на Тинекс Пролет ги напуштија Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко Трајковски. Клубот им се заблагодарува за придонесот на натпреварите што ги минаа во дресот на Тинекс Пролет и им посакува многу среќа во следните ангажмани.

Тинекс Пролет нема да ангажира нови ракометари зимава, откако како клуб одлучивме дека е вистински момент да им се даде шанса на дел од помладите играчи, да почнаат да блескаат и на сениорската сцена. Горди сме на младинската и кадетската екипа што бележат добри резултати во своите категории, а како клуб кој отсекогаш бил препознатлив по тоа што давал шанса на млади и перспективни македонски ракометари, тренд што повторно ќе го потврдиме и со новата генерација таленти од РК Тинекс Пролет.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!