Прва лигаФудбал

Вардар ја чува одбраната: Јанкулов и Матиќ со долгорочна верност до 2028

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Есенскиот лидер во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, продолжува со стабилизација на ростерот и јасна стратегија за иднината. „Црвено-црните“ постигнаа договор за продолжување на соработката со двајца важни дефанзивци – Георгије Јанкулов и Мислав Матиќ, кои ќе останат дел од клубот најмалку до летото 2028 година.

Двајцата фудбалери во изминатиот период се наметнаа како сигурни опции во одбраната и беа стандарден дел од тимот, па раководството реши да ја награди нивната константност и професионалност со долгорочни договори.

Јанкулов, кој има 24 години, во Вардар пристигна од Брера Струмица, а зад себе има богато искуство и покрај младата возраст. Кариерата ја градеше во младинскиот погон на Црвена Звезда, настапуваше за Железничар Панчево, а во македонското првенство го носеше дресот и на Борец и Силекс, пред да стане дел од најтрофејниот клуб во земјава.

Од другата страна, 26-годишниот Мислав Матиќ е интернационалец со сериозно искуство надвор од Македонија. Хрватскиот дефанзивец во Вардар дојде по настапите за Широки Бријег, а претходно играше за Рудеш, Шибеник и Локомотива Загреб, како и за украинскиот Минај. Со својата физичка подготвеност и стабилност во играта, брзо се вклопи во вардаровиот систем.


Продолжувањето на договорите со Јанкулов и Матиќ е дел од поширокиот план на клубот за континуитет, откако претходно верност кон Вардар потврдија и други фудбалери од првиот тим. Во меѓувреме, скопскиот гигант се наоѓа на зимски подготовки во Анталија, каде преку пријателски натпревари ја темпира формата за продолжението на сезоната.

Со вакви потези, Вардар јасно става до знаење дека амбициите не се краткорочни, туку насочени кон стабилност и борба за највисоките цели во наредните години.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!