Ракометната репрезентација на Франција одигра еден од најефикасните и најимпресивни натпревари на Европското првенство, совладувајќи ја Португалија со 46:38 во третото коло од главната фаза. Натпреварот во Хернинг ќе остане запаметен и како еден од најголемите голеади во историјата на континенталните шампионати.
„Триколорите“ од самиот почеток наметнаа убиствен ритам. Првото полувреме беше вистинска демонстрација на моќ – Французите постигнаа неверојатни 28 гола и на пауза заминаа со огромни +13 (28:15), практично решавајќи го прашањето за победникот уште пред одморот.
Во вториот дел темпото беше нешто поумерено, но Франција рутински ја контролираше играта и без проблеми го приведе мечот кон убедлив триумф, со кој останува цврсто во трката за пласман во полуфиналето.
Најрасположен во францускиот состав беше Дика Мем со осум погодоци, додека Лудовик Фабрегас додаде уште шест. Кај Португалија се истакнаа неколку ракометари, при што Брандао, Бранкињо, Фраде, Итуриза и Роча постигнаа по пет голови.
Со оваа победа Франција стигна до четири бодови и направи значаен чекор кон завршницата на шампионатот. Во следното коло ја очекува дерби со Шпанија, додека Португалија ќе се обиде да остане во игра преку дуелот со Норвешка.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...
Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...
Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...
Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...
ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...
ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...