Втора лигаТрета лигаФудбал

Победа Валандово со фуриозна партија го декласира Вардар Неготино на пријателски меч

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Третолигашот Победа Валандово испрати силна порака пред продолжението на сезоната, откако на пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Валандово убедливо го совлада второлигашот Вардар Неготино со 3:0.

Во рамки на зимските подготовки за пролетниот дел, домаќинот – есенски шампион во Трета лига – Исток и единствен тим без пораз во првиот дел од сезоната – целосно го надигра ривалот од повисок ранг. Победа уште во првите 45 минути воспостави целосна контрола и замина на пауза со предност од 2:0.

Во продолжението, валандовци ја заокружија доминацијата со уште еден погодок, потврдувајќи го високиот триумф и носејќи голема радост кај верните „калинкари“ на трибините.

Апсолутен херој на натпреварот беше Столе Наков, кој двапати ја затресе мрежата на гостите од Неготино, додека конечните 3:0 ги постави Мите Станков.


Победа Валандово зад себе има извонредна есенска полусезона, во која без пораз го освои првото место и со јасни амбиции влегува во пролетниот дел – да ја потврди лидерската позиција и да избори бараж за пласман во Втората лига.

На спротивната страна, Вардар Неготино по есенскиот дел се најде во незавидна позиција. Тимот го заврши првенството на 12. место со 12 освоени бодови, во зоната за директно испаѓање, па во продолжението од сезоната го очекува жестока битка за опстанок во второлигашкото друштво.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!