Прва лигаФудбал

Брера Струмица се засили со хрватското крило Леонардо Петровиќ

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Прволигашот Брера Струмица официјално го претстави своето ново засилување пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Нов член на струмичани е 22-годишниот Леонардо Петровиќ, офанзивец кој настапува на крилната позиција и во тимот пристигнува како слободен играч.

Петровиќ доаѓа од Хрватска, каде што во есенскиот дел од сезоната настапуваше за екипата на Кроациа Змијавци во Втората лига. Во тој период запиша 12 настапи, постигна еден погодок и додаде две асистенции, со што го привлече вниманието на раководството на Брера.

Станува збор за фудбалер кој ја поминал целата младинска школа на Хајдук Сплит, а има и статус на поранешен младински репрезентативец на Хрватска до 17 години. Иако не дебитираше за првиот тим на Хајдук, Петровиќ стекнуваше искуство преку настапи во неколку клубови од регионот. Покрај Змијавци, во својата кариера играше и за Јадран во Хрватска, како и за Радник Бијељина и Посушје во Босна и Херцеговина, каде што мина две сезони.

Од таборот на Брера Струмица изразија задоволство од ангажманот на младото крило, кое треба да донесе дополнителна енергија и ширина во офанзивата во продолжението од првенството. Струмичкиот клуб му посака добредојде на Петровиќ и многу успех во дресот на Брера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!