Останато

Капитенот Никола Ѓоргиев и Александар Љафтов со нови клубови: капитенот во Чешка, примачот се врати во Европа

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Нашите одбојкарски репрезентативци, капитенот Никола Ѓоргиев и примачот Александар Љафтов, на полусезоната се одлучија за промена на клупската средина и веќе ги официјализираа своите нови ангажмани.

Капитенот Никола Ѓоргиев, кој во првиот дел од сезоната настапуваше во Романија во редовите на Динамо Рапид, во продолжението од шампионатот ќе настапува во чешката Екстралига. Тој потпиша за Карловарско, тим кој моментално е лидер во првенството и важи за еден од најсериозните кандидати за титулата оваа сезона.

Чешкиот клуб официјално го претстави македонскиот репрезентативец, за кого ова е веќе 21. интернационална сезона, а воедно ќе биде и негов прв настап во Чешка во богата професионална кариера.

Од друга страна, примачот Александар Љафтов, по една полусезона помината во Кувајт, од почетокот на оваа година повторно се врати на европската сцена. Љафтов е ново засилување на унгарскиот МАВ Елоре, клуб кој сезонава има високи амбиции и важи за еден од главните кандидати за освојување на шампионската титула во националното првенство.

Двајцата интернационалци веќе им се приклучија на своите нови тимови и ќе бидат важни алки во вториот дел од сезоната, а нивната форма и континуитетот во настапите ќе имаат големо значење и за македонската репрезентација во пресрет на летните предизвици.

Македонија ова лето ја очекуваат важни настапи на меѓународна сцена – Европската лига 2026, како и учеството на Европското првенство 2026, каде што од Ѓоргиев и Љафтов се очекува да бидат меѓу носителите на играта.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа предвидени да се одиграат во сабота се одложени. Станува збор за...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!