КупФудбал

Бранителот на Куп-трофејот Вардар против Охрид, Детонит Плачковица со Силекс

Сподели
Сподели

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.

Ждрепката посака актуелниот бранител на Куп титулата, Вардар да се соочи со второлигашот Охрид. Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш ќе игра со прволигашот Силекс, Струга Трим Лум на мегдан со Шкендија.

Второлигашот Шкендија Арачиново ќе игра со Работнички, а ова ќе биде реприза од минатата сезона, кога тимот од Арачиново тогаш како третолигашот го исфрли Работнички.

Во борбата за место меѓу најдобрите четири влегуваат прволигашите Работнички, Вардар кој е бранител на Куп титулата, Струга Трим Лум, Силекс и Шкендија, а пак од второлигашите место во полуфиналето ќе бараат Охрид, Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново.

Мечевите се закажани за 25. февруари.

Се игра еден натпревар, а победниците обезбедуваат пласман во полуфиналето. Освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа, односно игра квалификациите за Конференциска лига на УЕФА.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!