Останато

Јовановски и Деспотовски ќе ја претставуваат Македонската одбојкарска федерација на 27 собрание на БВА во Сараево

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) утре во Сараево ќе го одржи своето 27. Генерално собрание, на кое ќе бидат присутни делегатите од сите федерации-членки, меѓу кои и претставници на Македонската одбојкарска федерација.

Македонија на овој значаен собир ќе ја претставуваат претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски, кои ќе учествуваат во дискусиите поврзани со идните планови и развојните насоки на организацијата.

На седницата, делегатите ќе ги разгледуваат извештаите за активностите на БВА во текот на изминатата година, како и комплетниот финансиски извештај за работењето на Асоцијацијата.

Една од најважните точки на дневниот ред ќе биде дефинирањето на календарот за натпреварувањата во 2026 година, со посебен акцент на организацијата на БВА Балканските шампионати 2026 во одбојка и одбојка на песок.

Генералното собрание претставува клучен момент за навремено планирање и успешна реализација на најзначајните натпреварувања во регионот, но и можност за размена на мислења и идеи за унапредување на регионалната соработка. Воедно, целта е преку заеднички активности да се обезбеди континуиран развој и популаризација на одбојката на Балканот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!