ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски кариерата ја продолжува во Иран

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски во вториот дел од сезоната ќе настапува во иранскиот шампионат, откако официјално беше претставен како нов фудбалер на прволигашот Мес Рафсанјан.

Искусниот 33-годишен лев бек ја напушта српската Суперлига по краток престој во Раднички Ниш, каде што во првата полусезона забележа девет настапи во домашното првенство. Новиот клуб на Ашковски се наоѓа во борба за опстанок во елитата на иранскиот фудбал, а Македонецот треба да донесе стабилност и искуство во дефанзивната линија.

Договорот со Мес Рафсанјан е до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена и за наредната година.

За Ашковски ова ќе биде прв настап во иранското првенство, со што уште една земја се додава во неговата богата интернационална кариера.

Во текот на својата професионална кариера, Ашковски има настапувано во повеќе европски шампионати, а во Македонија ги бранеше боите на Шкендија и младинскиот состав на Вардар, каде што ги направи и првите фудбалски чекори.

Ашковски покрај за Раднички Ниш, во Србија настапувашр за Партизан, Нови Пазар, Доњи Срем, за кипарски Етникос, во Турција бепе дел од Санлиуфаспор и Ерчијеспор, настапуваше и во шампионатот на Ерменија за Алашкерт.

Во Грција беше дел од ПАС Ламија, го носеше дресот на романските  Сепси и Ботошани, Славија Софија од Бугарија), холандиска Фортуна Ситард, играше и за полски Горник, како и за Стромгодсед од Норвешка.

Во дресот на македонската репрезентација има запишано околу 40 настапи, што дополнително ја потврдува неговата важност и искуство на меѓународната сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!