Европско првенство 2026Ракомет

Германија ја скрши Португалија во драматичен финиш и направи чекор кон полуфиналето

Сподели
ФОТО: Deutscher Handballbund | facebook
Сподели

Ракометната репрезентација на Германија извојува значајна победа над Португалија со 32-30 во првото коло од главната фаза на Европското првенство, нанесувајќи им го и првиот пораз на Португалците на шампионатот.

Натпреварот во Хернинг понуди цврста и израмнета борба, во која ниту една селекција не успеа да се одлепи со повеќе од два гола разлика. Првото полувреме мина во знакот на тактичка игра и одлични одбрани на двајцата голмани, па на пауза се замина со резултат 11-11.

Во продолжението Германците почесто го диктираа темпото и најчесто имаа минимална предност, додека Португалија преку инспирираниот Франциско Кошта постојано се обидуваше да остане во чекор. Клучниот момент дојде во завршницата, кога Германија подобро ги одигра последните напади и ја искористи својата шанса од седум метри за да ја задржи контролата над резултатот.

И покрај црвениот картон за капитенот Јоханес Гола и обидите на Португалија да се врати во игра, избраниците на Алфред Гисласон покажаа поголема смиреност и концентрација во финишот. Андреас Волф имаше значајна улога меѓу стативите, додека во нападот се истакнаа Миро Шлуроф и Лукас Усчинс.

Кај Португалија, Франциско Кошта беше најефикасен со десет погодоци, но неговиот блесок не беше доволен за да се избегне поразот.

Со оваа победа, Германија стигна до четири бодови во групата од главната фаза, додека Португалија остана на двата пренесени бода и ја продолжува битката за место во полуфиналето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во...

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“,...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!