Останато

Четворица македонски спортисти ќе настапат на Зимски олимписки игри во Милано – Кортина 2026

Сподели
ФОТО: Македонски олимписки комитет
Сподели

Македонската скијачка репрезентација со голема мотивација се подготвува за настапи на најголем светски спортски настан – Зимските олимписки игри Милано – Кортина, каде нашата земја ќе биде претставена со четири потврдени олимписки квоти. ЗОИ започнуваат на 6 Февруари и ќе траат до 22 Февруари.

Ова е уште еден значаен момент за македонскиот спорт, особено за зимските дисциплини, бидејќи покажува дека и покрај предизвиците, Македонија продолжува да има свои претставници на највисокото можно ниво. Тимот заминува со јасна цел – да даде максимум, да оствари достоинствени настапи и со гордост да го носи националниот дрес.

Во дисциплината нордиско трчање, Македонија ќе има двајца натпреварувачи, кои ќе настапат во спринт и во интервал старт трка на 10 километри.

Честа да ја претставуваат нашата држава во оваа категорија ја имаат:

  • Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км

  • Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км

Во алпското скијање, Македонија ќе биде претставена со двајца натпреварувачи во најатрактивните и најпопуларни дисциплини – слалом и велеслалом, каде најмалите грешки можат да одлучат за конечниот пласман.

Македонските претставници во алпско скијање се:

  • Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом

  • Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом

Со четири спортисти во две различни дисциплини, Македонија уште еднаш покажува дека има квалитет и волја да биде дел од светската олимписка сцена, а очекувањата се сите да имаат успешни настапи и да ја претстават државата на најдобар можен начин.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

Останато

Штип УГД и ГОК Борец во битка за историска шампионска титула

Вечерва од 19:00 часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, стартува финалната...

Останато

Ѓорческа со пресврт до победа на стартот од W75 ИТФ турнирот во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!