Трета лигаФудбал

ФОТО: Во снежни услови некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ означи старт на зимските подготовки!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Некогашниот прволигаш, а сега есенски шампион во Трета лига – Север, Еуромилк од Горно Лисиче означи старт на зимските подготовки во снежни услови.

Со првиот тренинг кој беше одработен вечерва под рефлектори поранешниот прволигаш ќе цели кон една цел – да се врати во Втората македонска фудбалска лига.

Еуромилк ГЛ е лидер во Трета лига – Север со 37 бодови, пет повеќе од БВК Коњари кој е втор со 32 бодови.

Сите играчи од есенскиот дел ќе бидат на распогање и во пролетниот дел, а тимот од Горно Лисиче договори три нови засилувања, а се водат преговори во Еуромилк ГЛ да пристигнат неколку уште неколку засилување.

ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ

Од раководството на клубот ништо не оставаат на случајност, бидејќи првата цел е да бидат шампиони во Трета лига – Север, да се освои шампионската титула, а потоа ќе следува баражот за влез во Втора лига, меч кој е „финале“ на целата сезона и на работата во изминатите месеци.

Управата на клубот уште еднаш потврдува дека тимот е одлично организиран, има план и визија за во иднина и цел – враќање на клубот на старите добро патеки кога Еуромилк ГЛ играше во Првата македонска фудбалска лига.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!