Прва лигаФудбал

Ринор Ајдини се раздели прволигашот Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Ринор Ајдини кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со прволигашот Арсими.

25-годишниот централен играч за врска ќе има нов клуб во својата кариерата. Во тековната сезона Ајдини за Арсими одигра осум меча во Првата лига, а на терените помина 222 минути и постигна еден гол, а во Купот на Македонија забележа еден настап со 58 минути.

Покрај за Арсими, Ајдини беше дел од Гостивар, Тетекс, Кадино и Работнички, додека пак меѓународна кариера градеше во хрватскиот Драговољац.

Интерес за услугите на Ринор Ајдини има, а во следниот период ќе треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!