Младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица од Радовиш го започнаа подготвителниот период за претстојните предизвици, со фокус на настапот на меѓународниот турнир Вихрен Куп, кој ќе се одржи на 29 јануари 2026 година во Сандански, Бугарија.
Во тренажниот процес се вклучени селекциите помлади пионери – петлиња, кои со голем ентузијазам и мотивираност работат под „полна пареа“, со цел радовишкиот клуб да има што е можно поуспешно претставување на силниот турнир во Бугарија.
Од клубот потенцираат дека подготовките ќе бидат насочени кон техничко-тактички усовршувања, физичка подготвеност и тимска игра, со желба младите фудбалски таленти да го покажат својот потенцијал и достојно да го претстават клубот и македонскиот фудбал на меѓународна сцена.
