Прва лигаФудбал

Вардар со пораз го отвори подготовниот циклус во Турција

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Вардар не успеаја позитивно да го започнат подготовниот престој во Турција, откако на првиот контролен натпревар беа поразени од чешкиот претставник Јаблонец со 6-2.

Противникот наметна висок ритам уште во воведните 45 минути, период во кој црвено-црните не успеаја да пронајдат вистински одговор, па на паузата резултатот беше убедливо на страната на Јаблонец. Во продолжението македонскиот шампион покажа поинакво лице и успеа да постигне два погодоци, дело на Олаосебикан и Диего Кастањеда, но тоа беше недоволно за резултатски пресврт.

Овој натпревар беше прва можност стручниот штаб предводен од Гоце Седлоски да ја провери моменталната форма на екипата и да ги воочи сегментите на кои ќе треба дополнително да се работи во продолжение на подготовките.

Вардар ќе има нова шанса за поправен впечаток на следниот пријателски натпревар во Турција, каде на 20 јануари ќе се соочи со тимот на Андијон од Узбекистан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јована Атанасовска нова македонска тениска надеж

Младата македонска тенисерка Јована Атанасовска имаше успешен настап на турнирот Прокупље Опен за тенисери и тенисерки до 12 години. Македонската тенисерка во конкуренција...

Останато

Штип подготвен за второто издание на меѓународниот „Трофеј Штип“: Пеливани од седум држави пристигнуваат во градот под Исарот

Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл. В недела (10 мај), на стадионот на ФК Кежовица, ќе...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ промовираше 33 нови тренери со УЕФА Ц лиценца: Завршена едукацијата на 11. генерација

Центарот за едукација на тренери при успешно го комплетираше вториот модул од...

Прва лигаФудбал

ФИФА му изрече забрана за регистрација на фудбалери на Тиквеш

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА,...

Втора лигаТрета лигаФудбал

Како ќе изгледа баражот за Втора лига?

Контурите на баражот за Втора лига веќе се јасни – познати се...

ФудбалЧетврта лига

Бесплатен превоз за навивачите на Слога: Злеово се мобилизира за важниот меч со Дрвош

Фудбалската еуфорија во радовишкото Злеово е на високо ниво пред натпреварот од...