Прва лигаФудбал

Пелистер го промовираше Милан Србијанац

Сподели
Сподели

Прволигашот Пелистер се засили со Милан Србијанац, се работи за 27-годишен фудбалер кој игра на левата бековска позиција.

Новото засилување на битолчани доаѓа од редовите на Железничар Инџија, а има настапувано и за екипите на Графичар, Слобода Ужице, Раднички Срем, Кабел Нови Сад, Феникс, Златибор.

Србијанац има над 150 натпревари за Првата српска лига, а има настапувано и за српската репрезентација до 18 години. Во есенскиот дел настапи на 23 натпревари во сите конкуренции.

Пелистер замина на зимски подготовки во Анталија, каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари за проверка на формата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!