Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Кузмановски: Со Данска игравме во грч, против Португалија и Романија мора без респект!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори Европското првенство, откако загуби од Данска со резултат од 36:24 во Хернинг.

По натпреварот свое видување за натпреварот имаше капитенот Филип Кузмановски.

„Честитки до Данска, мислам дека во грч го отворивме овој натпревар, но мислам дека против Португалија и Романија ќе бидеме малку поопуштени, денес играме во грч навистина. Ќе анализираме, како што го кажавме пред ова првенство дека со Данска ќе пробаме да изненадиме, но навистина е тешко. Данска за мене е фаворит на оваа Европско првенство. Нашиот таргет се Португалија и Романија, треба да се спремиме максимално, да ги поправиме грешките, мислам дека ќе бидеме послободни со Португалија и Романија и дека полесно ќе влеземе во натпреварот и треба малку без респект, да веруваме повеќе во себе, мислам дека ќе бидеме да бидеме далеку подобри од овој меч. Кога ќе ги анализираме сите натпревари, имаме многу технички грешки и промашени зицери и шутеви, но еве со време тоа го поправаме и мислам дека да бидеме на минимум ако сакаме ако сакаме да победиме една таква голема репрезентација како Португалија и Романија. За време на подготовките направивме анализа на сите репрезентации, добро познаваме од каде доаѓа опасноста на Португалија, треба да ги спречиме навистина и тие исто така трчаат. Данска беше еден добар тест за она кое не чека против Португалија и треба да одговориме на таа брза контра и да се надеваме на позитивен резултат“, рече капитенот Филип Кузмановски.

Македонија во недела ќе игра со Португалија, а веќе во вторник со Романија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!