Втора лигаФудбал

ФОТО: Новаци ги започна подготовките, договорени пријателски натпревари, ќе има и засилувања!

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Второлигашот Новаци денес под водство на шефот на стручниот штаб Дарко Крстески ги започна зимските подготовки за вториот дел од сезоната.

Тимот кој ја одигра најдобрата есенска полусезона во последната деценија стартува со амбиции за уште подобри резултати, а за таа цел ќе има неколку засилувања.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа ново засилување е Мартин Пивковски од Детонит Плачковица, клубот овој трансфер ќе го потврди во следните денови, а ќе пристигнат уште неколку засилувања според наши информации.

Исто така, Спортска Мрежа ги дознава и противниците за пријателските натпревари низ кои Новаци ќе ја проверува формата. Новаци договори тестови со младинците на Пелистер, со прволигашите Тиквеш и Пелистер и со есенскиот шампион во Втора лига, Охрид.

Претходно, Спортска Мрежа направи ексклузивно интервју со шефот на стручниот штаб Дарко Крстески, каде искусниот стратег зборуваше за сите предизвици пред влезот на Евротип како генерален спонзор, за резултатите, натпревари, плановите и целите.

Пролетниот дел Новаци го отвара со Победа во Прилеп.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Беласица го промовираше Филип Михаилов

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!