ИнтернационалциФудбал

Искусниот голман Дејан Илиев ја продолжува кариерата во Рапид

Сподели
ФОТО: FC Rapid
Сподели

30-годишниот македонски голман Дејан Илиев ја продолжува кариерата во нова средина и официјално потпиша договор со Рапид. До трансферот дојде поради нарушените односи што ги имаше во досегашниот клуб УТА Арад со тренерот Адријан Михалча, поради што Илиев беше приморан да побара нов предизвик во кариерата.

Илиев веќе е претставен како нов чувар на мрежата на Рапид, каде што се очекува со своето искуство и квалитет да донесе сигурност во одбраната и да се избори за значајна улога во тимот. Македонскиот интернационалец зад себе има богато искуство од настапи во неколку европски шампионати, што претставува дополнителна вредност за неговиот нов клуб.

Во текот на својата кариера, Илиев има настапувано за повеќе клубови низ Европа. Кариерата ја започна во Арсенал, каде беше дел од лондонскиот гигант, по што следуваа неколку позајмици – најпрвин во словачки Серед, потоа во полската Јагјелонија и англискиот Шрузбери.

Подоцна, Илиев го носеше дресот на словачки Тренчин, по што се пресели во Финска каде бранеше за Хелсинки. Следен клуб беше ФК Сараево, каде што помина една полусезона, оставајќи солиден впечаток меѓу стативите. И беше дел од УТА Арад.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!