Европско првенство 2026Ракомет

Алкалоид испиша историја – најмногу ракометари на Европското првенство 2026

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид испиша уште една значајна страница во својата историја, откако статистиката пред почетокот на Европското првенство 2026 покажа дека токму овој клуб ќе има најмногу свои играчи на континенталниот шампионат во Скандинавија.

Вкупно 14 ракометари кои настапуваат за Алкалоид ќе бидат дел од репрезентациите на ЕП, со што македонскиот суперлигаш се најде пред европските гиганти Магдебург, кој испраќа 13 играчи, и Фуксе Берлин со 12 претставници. Веднаш зад нив се Барселона и Гумерсбах, кои ќе бидат застапени со по 11 ракометари, додека Алборг, ПИК Сегед, Кил и Динамо Букурешт ќе имаат по десет свои играчи на шампионатот.

Силното присуство на македонските клубови се потврдува и преку Еурофарм Пелистер, кој ќе има девет ракометари на Европското првенство, како и Вардар 1961 со петмина учесници.

Овој податок е уште една потврда за квалитетната работа во Алкалоид и растечкиот углед на македонскиот ракомет на европската сцена, особено во пресрет на едно од најголемите натпреварувања на континентот.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!