Втора лигаФудбал

Наумовски се враќа во Автокоманда – Скопје со искусен голман атакува кон елитата

Сподели
Сподели

Второлигашот Скопје направи значаен потег во пресрет на пролетниот дел од сезоната, ангажирајќи го искусниот голман Кристијан Наумовски како адут во борбата за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Второлигашот од Автокоманда со овој трансфер јасно ги истакна амбициите за повисок пласман и стабилност во клучниот дел од сезоната.

Наумовски по повеќе од две години повторно се враќа на македонските терени, откако последниот ангажман го имаше во Азија, каде настапуваше за Брунеи ДПММ во малезискиот шампионат. Со 37 години и богато интернационално искуство, тој треба да донесе сигурност и лидерство во одбраната на Скопје.

Искусниот чувар на мрежата е добро познат на домашната фудбалска јавност, особено по настапите за Работнички и Шкупи, но и по интернационалната кариера во Романија, Бугарија, Малта и Хонг Конг. Во минатото беше дел и од младинската и сениорската репрезентација на Македонија, што дополнително ја нагласува неговата фудбалска биографија.

ФК Скопје есенскиот дел од ВМФЛ го заврши на петтата позиција со 29 освоени бодови, а пролетната полусезона ќе ја започне со гостување кај Слога Виница. Со Наумовски меѓу стативите, тимот од Автокоманда ќе се обиде да ја зголеми конкуретноста и да се вклучи во сериозна трка за враќање во прволигашкото друштво.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!