Младински фудбалФудбал

Младинскиот репрезентативец Драган Петков ќе добие поддршка и стипендија – најави градоначалникот Камчев

Сподели
ФОТО: Ѓоко Камчев, градоначалник на општина Валандово | facebook
Сподели

Еден од најперспективните млади фудбалери во државата, Драган Петков, оствари средба со градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Петков е стандарден член на македонската фудбалска репрезентација до 15 години и веќе зад себе има богато искуство на репрезентативно ниво.

Младиот фудбалер потекнува од фудбалската школа Победа Кидс, денес позната како Либра Кидс, каде во сезоната 2024/25 во лигата на петлиња се истакна како најдобар стрелец. Петков има повеќе од 15 настапи за националниот дрес, а од новата полусезона ќе го носи дресот на скопски Њу Старс, што претставува значаен чекор во неговиот понатамошен развој.

Тој настапува на позициите крилен напаѓач и полушпиц, а своите квалитети ги потврди и на последниот натпревар против соодветната селекција на Турција, кога беше прогласен за играч на натпреварот. Во победата на Македонија од 3:2, Петков постигна гол и запиша асистенција, оставајќи силен впечаток со својата игра.

ФОТО: Ѓоко Камчев, градоначалник на општина Валандово | facebook

На средбата, заедно со неговите фудбалски тренери, беше отворена и темата за развојот на младинските категории во општината, кои во последните години бележат резултати за почит. Градоначалникот на Валандово истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува младите спортски таленти.

„Заедно со неговите фудбалски учители разговаравме за можностите како и на кој начин општина Валандово да помогне во развојот на младите фудбалски категории, кои што во изминатите неколку години постигнуваат резултати за респект. Како градоначалник на општина Валандово, ќе му предложам на општинскиот Совет, Драган Петков да биде стипендист на нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Валандово, Ѓоко Камчев.

Поддршката од Општина Валандово претставува дополнителен мотив за младиот репрезентативец, кој со своите настапи веќе го најавува потенцијалот за успешна фудбалска иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!