Прва женска фудбалска лигаТрета лигаФудбал

Ново раководство и амбициозна визија: ФК и ЖФК Љуботен најавија голем проект и шампионски цели

Сподели
Сподели

ФК Љуботен и ЖФК Љуботен влегуваат во нова ера, откако на 12 јануари 2026 година се одржаа редовните годишни собранија на двата клуба кои го носат името на најстариот фудбалски колектив во Македонија и женскиот четирикратен шампион.

На собранието беше избрано ново раководство кое ќе биде заедничко за ФК и ЖФК Љуботен. За претседател на двата клуба е именуван Драгољуб Јовановски, додека старо-нови членови на Управниот одбор се Перо Јованоски, Ивица Богданоски, Илија Деспотовски, Дејан Савески, Владимир Билбиловски и Неџбија Имер. Како новина, собранието донесе одлука Управниот одбор да може да се прошири со уште два члена, со цел вклучување на потенцијални нови помагатели на клубот.

Поставена е и нова организациска структура, според која двата клуба, покрај Управниот одбор, ќе имаат и по еден спортски директор за ФК и ЖФК, маркетинг директор, генерален секретар и координатор за младинските екипи, со што се најавува посистематско и професионално функционирање.


Новиот претседател Драгољуб Јовановски ја претстави визијата за иднината на двата клуба и најави серија значајни чекори. Кај ЖФК Љуботен, за престојната полусезона се планирани три големи засилувања – едно домашно и две странски, при што преговорите се во завршна фаза. Целта е јасна и недвосмислена: одбрана на шампионската титула и освојување на Купот на Македонија, односно нова двојна круна.

Паралелно со тоа, клубот прави историски чекор во женскиот фудбал, откако е донесена одлука ЖФК Љуботен да има минимум три македонски фудбалерки со професионални договори, со амбиција таа бројка да порасне и до пет. Заедно со петте странски професионални фудбалерки кои клубот ги има во континуитет, вкупниот број на професионални фудбалерки би достигнал десет, што претставува преседан во македонскиот женски фудбал. Дополнително, одлучено е и шефот на стручниот штаб да биде со професионален договор и да поседува минимум УЕФА А лиценца, со цел значително подигнување на квалитетот на работата.


Кај ФК Љуботен, фокусот во следниот период ќе биде на консолидација на сениорската екипа, нејзино комплетирање и обезбедување сигурен опстанок во Третата лига, како и целосна реорганизација на младинската школа. Од јуни, машкиот клуб ќе влезе со јасни и високи амбиции – борба за првото место во Третата лига и атак на промоција во Втората лига, позиција за која, според многумина, Љуботен и припаѓа.

Круна на целокупниот проект е најавата за изградба на комплетно нов тренинг камп во близина на Тетово. Кон крајот на јуни или почетокот на јули се очекува поставување камен-темелник за тренинг центар со главен терен, помошен терен и други придружни содржини неопходни за современ фудбалски комплекс. Проектот е речиси целосно подготвен, а клубот се надева дека во неговата реализација ќе се вклучат и локалната власт, Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за спорт.

Крајната цел на новото раководство е јасна – враќање на ФК Љуботен на вистинските патеки и позицијата што ја заслужува како најстар клуб во земјата, а ЖФК Љуботен да остане на шампионските патеки и да ја одбрани двојната круна.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!