Втора лигаФудбал

Промени во ростерот на Детонит Плачковица: Заминувања и нови имиња за пролетниот дел!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш со јасна визија влегува во пролетниот дел од сезоната, а тоа најдобро се гледа преку измените во играчкиот кадар. Клубот веќе направи неколку конкретни потези, со кои го крои ростерот за продолжението од Втората лига.

Радовишани се разделија со неколку фудбалери кои беа дел од есенскиот дел на шампионатот. Клубот повеќе нема да смета на Валентин Кочоски, Давид Велковски, голманот Стефан Нанчовски, како и на Мартин Пивковски, што отвори простор за освежување и нова енергија во тимот.

Во исто време, Детонит Плачковица веќе обезбеди и први засилувања. Во клубот се враќа искусниот Томи Мирчевски, кој повторно ќе го носи дресот на радовишани, овојпат доаѓајќи од Слога Виница. 29-годишниот фудбалер зад себе има богато искуство, настапувајќи за Воска Спорт, Брегалница, Борец, Плачковица, Брегалница Делчево, Скопје, Вардар, како и за Цементарница – клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.


Нов член на тимот е и голманот Павел Петревски, кој ќе ја засили конкуренцијата меѓу стативите и се очекува да биде важен дел од тимот во борбата за бодови во пролетниот дел.

Од клубот најавуваат дека во наредните денови ќе следуваат уште промоции на нови засилувања, по што ќе биде комплетиран конечниот ростер со кој Детонит Плачковица ќе настапи во пролетниот дел од Втората лига.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!