Останато

Ѓорческа по голема во три сета поразена во второто коло од квалификациите на Мелбурн

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби денешниот меч од второто коло од квалификациите на Австралија опен. Поуспешна од неа беше Словенката Тамара Зиданшек со 2-1 во сетови (46 62 75) за два часа и 15 минути игра.

По поразот Ѓорческа не успеа да го повтори резултатот од 2017 година кога беше дел од финалето на квалификациите на овој Грен слем турнир.

Инаку, македонската тенисерка имаше одличен почеток и првиот сет го доби со 6:4 во гемови откако успеа да направи два брејка наспроти еден на ривалката, која пак резултатски се врати во игра откако го доби вториот сет со 6:2 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓорческа имаше одличен старт и брејк предност водеше со 1:0, а потоа и 3:1. Но, Зиданшек успеа да шестиот гем да изедначи на 3:3. Клучен за поразот беше 12.тиот гем на сервис на Ѓорческа кога ривалката направи нов брејк што значеше и добивање на сетот со 7:5. Притоа Ѓорческа успеа да спаси една меч топка.

Ова за Лина Ѓорческа беше трето учество на Австралија опен во квалификациите.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!