Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Костески: Максимално подготвени одиме на ЕП – зошто да не веруваме и во следната фаза?

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација со победа ја заокружи подготвителната фаза пред Европското првенство, откако во последниот контролен натпревар убедливо славеше над данскиот Мидтјиланд со 36-27. Добрата игра и сериозниот пристап во текот на целиот подготвителен период даваат оптимизам пред настапите во групата Б.

По натпреварот, свои импресии изнесе десното крило Ненад Костески, кој потенцира дека селекцијата е подготвена за предизвиците што ја очекуваат на континенталниот собир.

„Ова беше последен контролен натпревар пред настапот на Европското првенство. Мислам дека успеавме се да опфатиме и да се подготвиме добро за сите натпревари кои ни престојат на Европското првенство во групната фаза. Мислам дека сме доволно спремни и трениравме добро, иако беше малку тешко бидејќи се насобраа доста контролни натпревари, но одигравме добро до самиот крај на овој натпревар. Направивме добра разлика и мислам дека максимално подготвени за оваа што ни претстои на Европското првенство. Станува збор за сериозна група да не трошиме зборови знаеме за какви репрезентации станува збор, тука е Данска, Португалија која на претходното Светско првенство заврши на четвртото место, Романија која не смее никако да се потцени, таа е во нагорна линија. Мислам дека ќе ги дочекаме сите тие натпревари спремни, ќе одиграме најдобро што знаеме, ќе го дадеме нашето најдобро и се надевам на позитивни на сите тие три натпревари и дека ќе ја израдуваме цела Македонија, зошто да не верувам и во пласман во следната фаза!“, рече десното крило Ненад Костески.

Македонија настапот на Европското првенство го започнува против домаќинот Данска, додека на 18 јануари следи дуелот со Португалија, а групната фаза ќе биде затворена на 20 јануари со натпреварот против Романија. Националниот тим во добро расположение и со зголемена самодоверба го чека стартот на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!