Прва лигаФудбал

Вардар замина на подготовки во Анталија, Турција

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД Скопје
Сподели

Есенскиот шампион Вардар денес „летна“ за Анталија, Турција каде ќе ја реализира главната фаза од подготовките до 3 февруари.

На турско тло ќе се одиграат и шест пријателски натпревари, преку кои ќе се проверува формата за пролетниот дел, а во кој Вардар ќе атакува на шампионската титула.

Првиот пријателски меч е на 17 јануари против Јаблонец од Чешка, три дена подоцна против Андијон од Узбекистан. На 23 јануари Вардар ќе се тестира со Мотор Лубин од Полска, додека пак на 26 јануари ќе се тестира со Динамо Махачкала од Русија.

Следниот тест ќе биде на 29 јануари против тимот на Акхмат од Русија, а пак на 2 февруари ќе биде тестот со Алашкерт од Ермија, „генералка“ пред стартот на пролетниот дел.

Вардар во Македонија се враќа на 3 февруари.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!