ИнтернационалциФудбал

Диме Димов ја заврши авантурата во Персебаја, ќе продолжи во нова средина!

Сподели
Сподели

Македонскиот дефанзивец Диме Димов повеќе не е дел од индонезискиот клуб Персебаја, откако двете страни постигнаа договор за прекин на соработката на почетокот на 2026 година. По една сезона мината во индонезискиот фудбал, 31-годишниот стопер се наоѓа пред нова клупска страница во својата кариера.

Димов имаше значајна улога во тимот, редовно добивајќи шанса во стартниот состав, а во текот на престојот во Персебаја настапи на 29 официјални натпревари во сите конкуренции. Иако минатата година беше стандарден дел од одбраната, со почетокот на новата календарска година беше одлучено соработката да заврши, а искусниот дефанзивец веќе разгледува нови понуди.

Персебаја беше втор интернационален ангажман за радовишанецот, по настапите во бугарска Локомотив Софија, каде го оствари својот прв трансфер надвор од Македонија. Кариерата ја започна во Металург, а потоа настапуваше и за Кожуф, Гостивар и Хоризонт Турново, пред да ја изгради најстабилната фаза во дресот на Академија Пандев. Во струмичкиот клуб се задржа цели седум години, го носеше и капитенскиот трак и остави силен печат во домашниот фудбал.


Еден од поважните моменти во неговата кариера е и сезоната 2018/2019, кога како фудбалер на Брера Струмица го освои Купот на Македонија. Со богатото искуство од домашната сцена и од странство, Димов во наредниот период ќе бара нов клуб и нов предизвик.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!