Ракомет

Зарков: „Најлошо е кога чекаш друг да киксне – ние ќе одиме на победа во секој меч“

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 официјално ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната, како што веќе информираше Спортска Мрежа, со јасна цел – борба до крај за место во плеј-офот на Суперлигата. Екипата ќе тренира во Битола, а во подготовките се планирани и три контролни натпревари против Прилеп и Младост Богданци.

Тимот презимува на седмото место со 17 бодови и на последните четири кола од регуларниот дел ќе влезе со реални, но тешки шанси за пласман меѓу најдобрите шест екипи.

Тренерот Александар Зарков истакнува дека фокусот е исклучиво на сопствените настапи, без калкулации и чекање на туѓи резултати.

„Денес ги започнавме подготовките за вториот дел на првенството, сите тренинзи ќе ги одработиме во Битола. Имаме план и програма како физички, така и тактички да ја подготивме екипата. Имаме договорено пријателски натпревари со Прилеп на 23 и 25 јануари и со Младост од Богданци на 30 јануари. Имаме уште четири кола, од нив две мораме да ги добиеме со Струга и Радовиш. Најлошо е кога ќе чекаш некој друг од некој да загуби за да влеземе во плеј-оф. Има уште шанси, не зависи од нас, нашето ќе го направиме сигурно тоа што е зацртано. Ќе одиме на победа како на секој натпревар, ако обезбедиме плеј-оф ќе биде супер, ако не одиме, ако не во плеј-аутот ќе влеземе со сите бодови“, рече тренерот на Еурофамр Пелистер 2, Александар Зарков.

Во трката за плеј-оф, покрај Еурофарм Пелистер 2, влегуваат и Тиквеш, Бутел и Прилеп, а расплетот се очекува во последните четири кола. Првиот официјален натпревар во 2026 година битолчани ќе го одиграат на 7 февруари, против шампионот Еурофарм Пелистер.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!