Ракомет

Бутел Скопје стартуваше со подготовки: Нови засилувања во трка за плеј-оф

Сподели
ФОТО: РК Бутел
Сподели

Ракометниот суперлигаш Бутел Скопје официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, со јасна цел да обезбеди пласман во разигрувањето за титулата во Супер лигата.

Под водство на стратегот Горан Кузманоски, беше одржана првата прозивка, на која се појавија и двете нови засилувања во тимот. Станува збор за левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ, младински репрезентативец на Македонија кој пристигнува од Мулти Есенс, како и за пивотот Матеј Марковски, досегашен член на Аеродром.

Во продолжението од сезоната, Бутел Скопје нема да може да смета на услугите на Филип Николов, Рио Козакаи и Давид Гришикашвили, па стручниот штаб ќе го темели ростерот на млад и мотивиран состав, кој веќе покажа дека може рамноправно да се носи со конкурентите.


Подготовките ќе се реализираат во Скопје, а до стартот на официјалните натпревари планирано е одигрување на четири пријателски средби, кои ќе послужат за воигрување и проверка на формата.

Со оглед на моменталниот пласман и потенцијалот на екипата, Бутел Скопје е на чекор до обезбедување место во плеј-офот, што претставува голем успех за еден од најмладите тимови во суперлигашката конкуренција.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!