Втора лигаФудбал

Брегалница ги започна подготовки – Влатко Костов со прв тренинг на Градски во Штип

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Второлигашот Брегалница денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а целта на „сините“ е враќање во фудбалската елита на Македонија.

Стратегот Влатко Костов денес ги собра сите фудбалери и со првиот тренинг на Градскиот стадион во Штип започнаа подготовките. Во пролетниот дел дресот на Брегалница нема да го носат Хусеин Демири, Дарко Алексовски – Пеле и Еди Мандак.

Засега единствено засилување е Бојан Рајков кој е повратник во редовите на Брегалница од Силекс, а според информациите на Спортска Мрежа, раководството на клубот води преговори со неколку играчи и се очекува во следниот период нивна промоција ако има договор.


Во следниот период ќе треба да има повеќе информации и околу самиот тек на подготовките односно одигрувањето на пријателски натпревари.

Брегалница заврши во бараж зоната за Прва лига како трета со 33 бодови, три помалку од лидерот Охрид кој има 36 бодови, а пак Шкендија Арачиново е втора со 35 бодови.

Пролетниот дел тимот на Брегалница го отвара во Гевгелија против Кожуф.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!