Прва лигаФудбал

Талент од сопствената школа: Бејзад Лимани потпиша професионален договор со Башкими

Сподели
ФОТО: ФК Башкими 1947
Сподели

Кумановскиот прволигаш уште еднаш покажа дека иднината на клубот ја гледа во сопствената школа, откако го потпиша првиот професионален договор со 17-годишниот Бејзад Лимани.

Лимани, кој настапува во средниот ред, доаѓа од младинските категории на Башкими и веќе подолго време е дел од системот на клубот. Со своите настапи и посветеност на тренинзите успеа да го привлече вниманието на стручниот штаб, кој одлучи да му даде шанса и во сениорската конкуренција.

Младиот фудбалер веќе го почувствува ритамот на Првата македонска фудбалска лига. Тој го запиша своето деби во последното коло од есенскиот дел од сезоната, кога настапи како резерва на дуелот против шампионот Шкендија, а во уште два наврати беше дел од натпреварувачкиот состав.

Со овој потег, раководството на Башкими испраќа јасна порака дека континуитетот и развојот на младите играчи се приоритет, а од Лимани се очекува во наредниот период да продолжи со напредокот и постепено да се наметне како сериозна опција во тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!