Останато

Вук Карановиќ добитник на престижно признание за социјално влијание

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, а во моментов извршен директор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Вук Карановиќ, е избран меѓу Топ 300 исклучителни лидери за Глобална извонредност за 2025 година. Карановиќ го доби признанието во категоријата „Социјално влијание и цел“.

Конкуренцијата беше исклучително силна, со повеќе од 12.000 поднесени номинации во осум категории: бизнис лидери, лидери на мисла, здравствена заштита и биолошки науки, оперативна извонредност, социјално влијание и цел, жени во лидерство, младо претприемништво, како и вештачка интелигенција и дигитална трансформација.

Секоја номинација поминува низ детален процес на евалуација, при што се вреднуваат лидерството, влијанието и уникатниот придонес на кандидатите во соодветната област.

Признанието е поддржано од „Excellence Talks“ во партнерство со „KAIZUNO“, под мотото „Извонредноста не е титула. Таа е одговорност.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!