Ракомет

Прибетиќ: Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ ја сподели својата прва порака по потпишувањето за ГРК Охрид, истакнувајќи дека во новата средина доаѓа со голема мотивација и позитивни очекувања за продолжението од сезоната.

25-годишниот кружен напаѓач, висок 196 сантиметри, кој во Охрид пристигна од најсилната ракометна лига во светот, нагласи дека уште пред доаѓањето слушнал само убави зборови за клубот и градот, што дополнително ја зголемило неговата желба да го облече дресот на „гладијаторите“.

„Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот“ – изјави Прибетиќ.

Прибетиќ зад себе има богато меѓународно искуство стекнато во Нексе и ТВБ Штутгарт, како и настапи за сениорската репрезентација на Хрватска, а во Охрид пристигнува со јасна желба својот квалитет да го стави во функција на тимските амбиции на домашната и европската сцена.

Изјавата на новиот пивот јасно покажува дека во охридскиот табор се добива играч кој е целосно подготвен да се вклучи во борбата и да ја оправда довербата со силни и посветени настапи во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!