Ракомет

Прва сезонска радост за Рух Калиш, пет гола за Јована Кипријановска – пораз за Кошалин и Ивана Арсениевска

Сподели
ФОТО: Tauron Ruch Szczypiorno Kalisz
Сподели

Екипата на Рух Калиш ја забележа првата сезонска победа во полскиот шампионат, откако со 25:32 славеше над Кошалин, во меч од 14. коло.

Ова беше соочување на две македонски репрезентативки – Јована Кипријановска која настапува за Рух Калиш и Ивана Арсениевска која го носи дресот на Кошалин.

Тимот на Кипријановска на полувреме имаше негатива од 14:11, но со одлично второ полувреме работите на терен се променија.

Кипријановска постигна пет погодоци за нејзиниот тим во првиот сезонски радост, а пак Арсениевска постигна четири погодоци.


Тимот на Рух Калиш и натаму е на дното со три бодови и биланс од една победа и 12 порази, но со меч помалку, кој треба да го одигра со второпласираниот МКС Лублин, додека пак Кошалин е на седмото место со 18 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!