Ракомет

Охрид на српско тло ја темпира формата – „гладијаторите“ имаат високи амбиции!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид во Србија ќе ја темпираат формата за вториот дел од Суперлигата, тимот кој го води искусниот стратег Борис Ројевиќ ги стартуваше подготовките, а амбициите на „гладијаторите“ котираат високо!

Врбас ќе биде базата, каде тимот од градот покрај Охридското Езеро, ќе се подготвува за пролетните предизвици каде сигурно е дека ќе се атакува на висок пласман во трката за титула. Првиот тест ќе биде против екипата на Врбас кој е закажан за вторник, а преку истиот Ројевиќ ќе има можност да види како оди подигањето на формата.

Потоа тимот ќе се „пресели“ во Белград, во главниот град на нашиот северен сосед, каде Охрид ќе настапи на 5. издание на Турнирот „Вук Рогановиќ“.

„Гладијаторите“ во полуфиналето ќе играат против српскиот тим- Динамо Панчево, а пак другиот полуфинален дуел го сочинуваат Партизан од Србија и Тримо Требње од Словенија. Подобрите од дуелите ќе играат за трофеј, а натпреварите се играат на 17 и 18 јануари.


Тимот веќе и официјално го промовираше Џанфранко Прибетиќ за што веќе објави Спортска Мрежа, хрватскиот репрезентативец се приклучи на подготовките на Охрид во Србија и се стави на располагање на искусниот српски стратег Борис Ројевиќ.

Охрид ќе има одлична можност за квалитетни подготовки, за одигрување на квалитетни тест- натпревари и проверка на формата, а во пролетниот дел тимот влегува силно амбициозен за што потврдата се квалитетни засилување во трка за шампионската титула, како и за Куп титулата.

Охрид е пример за успешен ракометен проект во Македонија, проект кој од сезона во сезона прераснува во нешто поголемо и дава голем резултат.


Салата „Билјанини Извори“ е исполнета на секој меч до последното седиште, верните „рибари“ даваат силна поддршка, доаѓаат ракометари со големо интернационално искуство, со голем квалитет и за првпат во Суперлигата имаме четири екипи кои се во трка за титулата, покрај Охрид, тука се Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер кој сезонава ја брани титулата.

Развојот на Охрид продолжува и веќе се мисли не само на оваа сезона, туку и на следната сезона, но и на долги патеки, што е потврда дека Охриѓани имаат проект за долги стази и сигурно е дека тимот ќе расте и Охрид ќе биде тој кој што ќе води рамноправна борба на сите фронтови и ќе сака титули, а со тоа значително се подига квалитетот и нивото на македонскиот ракомет во случајот на Суперлигата.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!