Прва лигаФудбал

Прволигашот Башкими 1947 го засили стручниот штаб со Тони Богдановски

Сподели
ФОТО: ФК Башкими 1947
Сподели

Прволигашот Башкими 1947 официјално информира дека стручниот штаб е засилен со Тони Богдановски, кој ќе биде кондициски тренер во тимот.

Богдановски зад себе има богато и докажано искуство во областа на физичката подготовка, стекнато преку долгогодишна работа со реномирани клубови од домашниот фудбал, меѓу кои Вардар и Металург Скопје, како и други екипи од националниот шампионат.

Во текот на својата кариера тој дал значаен придонес во унапредувањето на физичката подготвеност на фудбалерите, подобрување на нивните перформанси и намалување на ризикот од повреди. Познат е по современиот и професионален пристап во работата, со акцент на развој на сила, брзина и издржливост, балансирано оптоварување на тренинзите и оптимално закрепнување, во согласност со модерните стандарди на професионалниот фудбал.

Со меѓународни лиценци и релевантни стручни сертификати, Тони Богдановски се очекува да има важна улога во подигнувањето на физичкото и натпреварувачкото ниво на екипата на Башкими 1947.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!