Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс ги стартуваше зимските подготовки со едно засилување, главната фаза ќе се одработи во Анталија

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Прволигашот Силекс и официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тимот на Александар Васоски првата фаза од зимските подготовки ќе ја одработи во Кратово, каде што беше извршена и прозивката, а на 17 јануари кратовчани се селат во Анталија, каде ќе одиграат неколку контролни натпревари со странски ривали.

Засега единствено ново име во ростерот е младиот Матеј Ѓерасов, кој пристигна од Работнички и веќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Во исто време, Силекс се раздели со неколку фудбалери – Алдин Хрвановиќ, Миљан Говедарица и Бојан Рајков. Како што веќе објави Спортска Мрежа, Рајков ја продолжи кариерата во второлигашот Брегалница, додека Хрвановиќ е нов член на Радник Бјелина.

Од клубот најавуваат дека во наредниот период се очекуваат и нови засилувања, со цел екипата максимално подготвена да го дочека продолжението од шампионатот.


Првенството во ПМФЛ продолжува во првата недела од февруари, а Силекс пролетната полусезона ќе ја отвори на домашен терен против екипата на Башкими.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула....

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници...

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Во чест на Андреј Лазаров: Во Кочани одржан првиот меморијален турнир, Осогово победник

Во Кочани на 8 септември се одржа првиот меморијален фудбалски турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!