Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра за фудбалерот Роџерс Касим Мато, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови.

„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Рогерс Кассим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра“, се вели во соопштението на клубот.

Интересот за Мато е евидентен по неговите одлични настапи во дресот на „црвено-црните“. Во изминатиот период, како што е познато, Вардар добил и конкретна понуда од шкотскиот Хартс во износ од 350.000 евра, која била експресно одбиена од страна на клубот.

Со поставувањето на оваа откупна клаузула, Вардар јасно испраќа порака дека нема намера лесно да се откаже од еден од своите највредни фудбалери, освен доколку не бидат исполнети условите што клубот ги смета за соодветни.


Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!